Дома Останати Ракомет Фарски Острови фаворит против Македонија во утрешниот бараж натпревар за СП

Фарски Острови фаворит против Македонија во утрешниот бараж натпревар за СП

Ракометната репрезентација на Македонија се подготвува за бараж двомечот за пласман на Светското пренство, а пред избраниците на Кире Лазаров воопшто не е ласна работа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Доказ за тоа со каква селекција ќе се соочиме се и прогнозите за букмејкерите. Имено, Македонија не е фаворит и таа улога е препуштена на домаќинот. За утрешниот натпревар коефициентот за победа на Фарски Острови изнесува 1.40.

Ваквата ситуација секако се должи на солидниот настап на Фарски Острови на последното Европско првенство каде што одиграа нерешено и со силната норвешка, а со само гол-два негатива беа поразени од Словенија и Полска.

Билетите за утрешниот натпревар од поодамна се распродадени и на трибините се очекуваат околу 6.000 навивачи и тоа е скоро 10% од целата популација на оваа земја.

Сепак, бројките не треба ништо да значат, Македонија сигурно ќе биде мотивирана да докаже зошто во последнтие години е редовен учесник на големите натпреварувања. Ќе потсетиме, реваншот е в недела (12. мај) во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардарецот Хориха ќе игра во Саудиска Арабија!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха, кој веќе е познат како идно засилување на ПИК Сегед о…