Дома Трансфер зона Уште една голема вест од Шпанија: Барса и Атлетико пред договор за трампа Гризман – Саул Нигез

Уште една голема вест од Шпанија: Барса и Атлетико пред договор за трампа Гризман – Саул Нигез

Во ист ден шпанските медиуми лансираа две големи вести – Лионел Меси се договорил со Барселона за нов договор (повеќе за ова тука) и наводно се спрема трампа Гризман – Саул Нигез!

Повеќе медиуми во Шпанија истовремено објавија дека веќе има договор Гризман да се врати во Атлетико после две години, а Саул Нигез да се пресели на „Камп Ноу“. Според информации недостасува само Лапорта се да потврди.

Симеоне има идеја Суарез и Гризман да ги спои во Атлетико, додека на местото на Саул го има Родриго Де Паул кој пред два дена и официјално стана играч на „јорганџиите“. Барселона од друга страна немала премногу избор и заминување на Гризман ќе значи големо ослободување на буџетот.

Меѓутоа дел од коментарите се дека Барселона со ова само ја повторува грешката од минатото лето кога го пушти Суарез во Атлетико. Сите видовме каква сезона одигра Уругваецот во Мадрид.

Во Барселона сметаат дека со новите засилувања Агуеро и Депај имаат доволно опции во нападот, додека Саул би донел на квалитет во среднииот ред, таму веќе отпишани се Пјаниќ и Алења (Гетафе го откупи), додека ПСЖ им го „украде“ Вајналдум.

ВАКА БИ МОЖЕЛА ДА ИЗГЛЕДА БАРСЕЛОНА ВО НОВАТА СЕЗОНА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Паул после само 6 месеци се враќа во Серија А

Родриго де Паул ова лето беше на мета на многу европски гиганти и се одлучи кариерата да ј…