Дома Трансфер зона Шпанците откриваат детали и најавуваат: Меси потпишува до крајот на месецот

Шпанците откриваат детали и најавуваат: Меси потпишува до крајот на месецот

Според најновите најави од Шпанија Лионел Меси нема да ја напушти Барселона.

Голем број шпански медиуми денес објавија дека Меси до крајот на овој месец ќе потпише договор со каталонскиот гигант, ќе станува збор за петгодишен договор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа Меси нема сите пет сезони да ги помине во Барселона, последните три би ги поминал во МЛС лигата како амбасадор на клубот. Промена се најавува и во неговата откупна клазула кој може да се намали од 700 на 600 милиони евра.

Меси прифатил да игра и за нешто помала плата. Во првата сезона тој би заработувал 20 милиони евра, додека во наредната таа би се зголемила.

Ќе потсетиме, договорот на Меси со Барселона официјално истече на крајот на јуни и од 1.јули тој е слободен играч. Лапорта неколку пати во јавноста изјави дека се работи на решавање на проблемот и доведување на ситуација во клубот во која Меси ќе може да потпише договор. Најголем проблем е финансиската криза во која Барселона се доведе со лошото работење на Бартомеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …