Дома Фудбал Останато Уште еден ас од златната генерација кажа крај: Се пензионира најдобриот стрелец на Шпанија

Уште еден ас од златната генерација кажа крај: Се пензионира најдобриот стрелец на Шпанија

Давид Виља стави крај на блескавата кариера.

Никој не играше таков фудбал како Шпанија кон крајот на минатата деценија. Сепак дојде крајот на една златна генерација која ја покори Европа во 2008 години, а потоа и целиот свет две години подоцна. Најдобриот стрелец во репрезентација на Шпанија на сите времиња Давид Виља објави крај на кариерата. Неговиот последен клуб во кариерата беше јапонскиот Висел Кобе.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Виља на официјалниот сајт на овој клуб ја објави својата конечна одлука.

Во тие години кога Шпанија доминираше Виља беше на врвот на кариерата. Круна на кариерата му беше Барселона, но најефикасен беше во Валенсија каде што на 166 натпревари во Примера постигна 108 голови. Во Барселона постигна 33 гола на 77 натпревари во шпанското првенство.

Она што е специфично за него е тоа што каде и да играше во Примера освојуваше трофеи. Со Сарагоса го освои шпанскуот куп и Суперкупот на Шпанија, со Валенсија шпанскиот куп, со Барселона две првенства, еден шпански куп, два Суперкупа на Шпанија, Лига на Шампиони, Суперкуп на Европа и Клупско светско првенство. Дури и во едната сезона во Атлетико Мадрид освои титуал. Потоа играше за Мелбурн и Њујорк Сити.

Од генерацијата на Шпанија која го освои Европското првенство кариерите веќе ги завршија: Пујол, Иниеста, Чави, Капдевиља, Алонсо, Арбелоа, Торес, Марчена, Валдес, а тоа може да се каже и за Касиљас. После Виља останаа уште: Серхио Рамос, Пике, Фабрегас, Мата, Давид Силва, Бускетс…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…