
Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓
Светскиот шампион од 2009 година, Џенсон Батон најави дека по трката во Абу Даби ќе се повлече од Фромула 1.
„Одам кон овој викенд со мисла дека ова е мојата последна трка. Во овој момент немам желба повеќе да возам во Формула 1“, изјави возачот на Мекларен на прес конференцијата.
Во текот на сезоната Батон најави дека ќе пузира наредната година, а Мекларен го задржа правото да го врати во 2018 година. Сепак 36-годишниот Британец изјави дека повеќе нема да вози.
Џенсон Батон кариерата ја започна во 2000 година, а трката в недела ќе биде 305-та во неговата кариера. Повеќе трки од него имаат возено само Рубенс Барикело и Михаел Шумахер.
Во кариерата победи на 15 трки во Формула 1, а возеше во Вилијамс, Бенетон, БАР, Хонда, Брон и Мекларен.
Покрај Џенсон Батон в недела својата последна трка во Формула 1 ќе ја вози и пилотот на Вилијамс Фелипе Маса.