Дома Фудбал Останато Тоти влегува во светот на менаџерите: Има моќен ментор и прв клиент!

Тоти влегува во светот на менаџерите: Има моќен ментор и прв клиент!

totti

Најголемата ѕвезда на Рома, Франческо Тоти избра малку поинаков пат од оној на своите колеги. Тоти ќе остане во фудбалот, но како – менаџер.

Да, Тоти ќе се обиде да влезе во моќниот свет на менаџерите. Легендарниот фудбалер веќе и го има својот прв клинет. Станува збор за Себастијан Еспосито, 17 годишниот напаѓач на Интер кој веќе запиша три настапи во Серија А и два во Лигата на шампионите.

Сепак, Тоти нема да работи сам, туку менаџерската кариера ќе ја започне во новата агензија под контрола на компанијата „Стелар Груп“. Луѓето од светот на фудбалот добро го знаат ова име. Тоа е агенцијата на познатиот британски менаџер, Џонатан Барнет, официјално најмоќниот менаџер за 2019 година. Барнет и неговите соработници имаат фудбалери како Герет Бејл од Реал, Саул Нигез од Атлетико…

Сега ќе го имаат и Еспосито кој ќе има што да научи од „принцот на Рим“. „Кориере дело Спорт“ тврди дека договорот официјално ќе биде потпишан пред Божиќ. Исто така и дека нивниот прв заеднички проект ќе биде потпишување на нов договор на младиот фудбалер со „Нероаѕурите“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок за Сетиен и друштвото: Третолигаш води на полувремето против Барселона! (ВИДЕО)

Третолигашот Ибица на полувремето против Барселона има шокантен резултат. Ибица после 45 м…