Eден од најдобрите италијански фудбалери во модерното време и принц на Рим, Франческо Тоти призна дека по разводот и смртта на неговиот татко паднал во депресија.
Светскиот шампион со Италија и играч кој целата кариера ја помина во Рома, минатото лето се разведе од сопругата, Илари Бласи со која беше заедно 20 години, 17 беа во брак.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Причината за разводот беше неверство, а Тоти сега откри дека доказите ги пронашол во нејзиниот телефон.
„Поради короната го изгубив мојот татко и сопругата не беше покрај мене. Го проверував нејзиниот мобилен телефон да си потврдам, претходно никогаш не сум го правел тоа. Кога го прегледав пронајдов пораки и повеќе не можев да спијам. Се правев како да е се в о ред, но од тој момент повеќе не бев јас“, призна Тоти.
Славниот Италијанец сега е во врска со нва девојка, Ноеми Бочи, а со Бласи има три деца: Кристиан, Исабел и Чанел.