Дома Фудбал Останато Тотенхем донел одлука за Покетино!

Тотенхем донел одлука за Покетино!

Maрисио Покетино разговарал со Даниел Леви и клубот донел одлука.

Изгледа дека крајот за Покетино во Тотенхем е блиску. Аргентинецот разговарал со Даниел Леви и на тој состанок му било соопштено дека играчите се свртеле противник, а британски „Телеграф“ пишува дека во текот на репрезентативната пауза играчите разменувале пораки во кои шпекулирале за новиот тренер.

Она што се знае дека Леви не сака веднаш да го смени Покетино поради тоа што овој човек го направи за клубот во претходните неколку години.

Покетино ќе се обиде да ја спаси работата, меѓутоа тешко дека ќе успее.

Медиумите пишуваат дека во случај да изгуби од Вест Хем во колото кое следи ќе добие отказ веќе во понеделник.

Кој би можел да го наследи?

Се шпекулира дека Мурињо е спремен и чека, иако наводно Леви го контактирал и Масимилијано Алегри. Герет Саудгејт го одбил Тотенхем затоа што сака да остане посветен на Англија, се споменуваа уште Еди Хоув и Нагелсман од Лајпциг.

Најблиску изгледа е Мурињо, навивачите не се воодушевени, а ќе видиме што ќе се случува во наредните денови. Тотенхем во овој момент се наоѓа на очајната 14-та позиција во Премиер лигата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Eден емаил бил доволен за Реал да покаже дека е господски клуб

Претседателот на Ленс, Жервис Мартел откри анегдота од пред неколку години кога Реал покаж…