Дома Фудбал Останато Тажна вест: Запрена потрагата по Сала – нема докази дека би можел да биде жив!

Тажна вест: Запрена потрагата по Сала – нема докази дека би можел да биде жив!

Полицијата ја запре потрагата по фудбалерот Емилиано Сала и пилотот Дејвид Иботсон, откако спасувачите не успеаа да го пронајдат исчезнатиот авиот.

Ова го потврди началникот на полицијата од градот Гернси, Дејвид Баркер, кој тврди дека нема докази дека фудбалерот би можел да биде жив.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„И покрај големите напори на властите во Велика Британија и Франција, не успеавме да пронајдеме никакви траги од авионот, пилотот и патникот. Ги прегледавме сите информации кои ни беа достапни и покрај тоа што знаеме дека во авионот имало опрема за спасување, тешка е одлуката да ја прекинеме потрагата“, изјави Баркер.

Тој дополнително изјави дека го разбира незадоволството на семејството на Сала за прекинувањето на потрагата, но знае дека направиле се што е во нивна моќ.

Поицијата веќе им изрази сочувство на семејствата бидејќи веќе почна да ги третира двајцата како мртви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…