Во својата редовна судиска анализа ФФМ вчера објасни дека голот на Брегалница против Струга Трим Лум бил постигнат од регуларна позиција (тука).
Подоцна од клубот излегоа со реакција и видео во кое објаснуваат дека иако судиската комисија потврдила голот не е регуларен. Освен тоа истакнуваат дека Струга веќе неколку натпревари наназад е жртва на погрешни судиски одлуки на нивна штета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Клубот на F.C. Struga TRIM & LUM се обиде да се воздржи од вакви реакции на арбитражи, но последната анализа на судиската комисија не принудува да побараме објаснување, како се анализирало истото.
Сомнителната ситуација на голот на гостинскиот тим на Брегалница во 24-та минута од последниот натпревар, што директно влијае на исходот на натпреварот.
Во оваа прилика сакаме да ја изразиме и нашата огорченост од слабото и несовесно судење на зелениот терен, особено на последните натпревари, каде нашиот тим е оштетен на 3 од 4 одиграни натпревари (ова го потврдувате и самите во вашите анализи)“, стои во дел од реакцијата.