Ракометарите на Струга го искористија заморот во редовите на Металург и славеа со 35:21.
Металург вчера играше против Тиквеш, не поминаа ниту 24 часа од тој натпревар, а денес отпатува за Струга. Во овој натпревар тимот од Автокоманда беше дополнително ослабен со заминувањето на Златко Хорват.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во таква ситуација „металурзите“ немаа многу шанси за успех во ова гостување. Струга знаеше како да ја искористи шансата и се беше јасно уште на полувремето кога домаќинот водеше со 17:9.
Барјактаревиќ во редовите на Струга постигна 10 гола, додека кај Металург најефикасен беше Лазаревски со седум гола.