Дома Македонски спорт Столе Димитриевски гостуваше во најпознатото фудбалско шоу во Шпанија 🎥

Столе Димитриевски гостуваше во најпознатото фудбалско шоу во Шпанија 🎥

Македонскиот голман Столе Димитриевски брани во одлична форма за Рајо во Ла Лига, а сега беше гостин на Хозе Педерол во „Ел Чирингуито“, најпознатото фудбалско шоу во Шпанија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од почетокот на сезоната Димитриевски е еден од најдобро оценетите голмани, посебно блесна во натпреварот против Барселона кога го одбрани пеналот на Мемфис Депај и неговиот тим дојде до победа од 1:0.

Во разговорот со Педерол меѓу другото Димитриевски истакна дека е среќен што ја дели соблекувалната со играч како Радамел Фалкао, секако тука беше и прашањето за одбранетиот пенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ПСЖ му украде големото засилување на Јувентус

Париз Сен Жермен е на чекор од доведување на еден од најбараните млади голмани во Европа. …