Пред денешниот натпревар помеѓу Полска и Холандија на Европското првенство бил спречен масакр откако едно лице со секира влелго во фан зоната во Хамбург.
Станувало човек кој со себе носел секира и тргнал да ги нападне навивачите на двете селекции. Во својата страшна намера тој бил спречен од полицијата која фрлила солзавец и испукала неколку истрели од огнено оружје.
Очевидци истакнуваат дека лицето имало обид да фрли молотов коктел помеѓу фановите.
Прво тој бил предупреден со неколку куршуми во воздух, но откако не застанал се пукало и кон него.