Дома Фудбал Сопругата на Валверде се налути, па на Анчелоти му објаснуваше каде треба да игра нејзиниот сопруг

Сопругата на Валверде се налути, па на Анчелоти му објаснуваше каде треба да игра нејзиниот сопруг

Реал Мадрид вчера беше поразен од Милан во дербито од Лигата на шампионите, а по натпреварот незадоволство истакна и сопругата на Феде Валверде.

На социјалните мрежи Мина Бонино се огласи сакајќи да го искаже својот бес за замената на нејзиниот сопруг на полувремето.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Ако кажам што мислам ќе заработ, подобро да го исклучам ова. Феде најдобро игра во средниот ред, кога ќе разберете дека не е крилен фудбалер“, стоеше во нејзината објава.

Набрзо таа го избриша твитот, но објавите беа сочувани, па сето тоа стигна и до Анчелоти на кого новинарите му поставија прашање на оваа тема.

„Феде не беше во состојба да даде 100%. Се соочи со проблеми со грбот во текот на неделата. Тренираше добро еден ден пред натпреварот и затоа беше стартер, но во првото полувреме имаше проблеми и не беше на најдобро физичко ниво“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА го избра Донарума за најдобар голман во светот!

Италијанецот Џанлуиџи Донaрума е прогласен за најдобар голман за 2025 година според ФИФА, …