
Фудбалерите на Реал Мадрид со полн гас се подготвуваат за почетокот на новата сезона и се очекуваше да се направат неколку промени во играчкиот кадар по две лоши сезони. Жозе Мурињо дефинитивно ги отпиша двајца играчи, но не очекуваше таква нивна реакција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Жозе Мурињо се врати на клупата на Реал Мадрид и пред него има голем интерес бидејќи Флорентино Перез посакува трофеи по две катастрофални сезони на „Кралевите“.
Реал досега во текот на трансфер периодот донесе неколку навистина големи засилувања, и јасно е дека од стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ќе мора да има и заминувања бидејќи Мурињо нема место за сите тие играчи во првиот тим.
Веќе е познато дека некои фудбалери се на листата на отпишани, а во последно време најмногу се споменуваат Едуардо Камавинга и Раул Асенсио.
Шпанските медиуми наведуваат дека Мурињо повторно одржал состанок со споменатите играчи и им кажал дека нема да смета на нив во новата сезона, и дека најдобро би било да го напуштат клубот.
Но, како што се наведува, Камавинга и Асенсио го изненадија Мурињо со порака дека воопшто не размислуваат за заминување и дека не е воопшто во план да го напуштат Реал.