Дома Трансфер зона Солскјер блиску до ангажман на играч кој Зидан го смета за „вишок“?

Солскјер блиску до ангажман на играч кој Зидан го смета за „вишок“?

1

Манчестер Јунајтед игра одлично под водство на Оле Гунар Солскјер и тоа им е добро познато на сите кои следат фудбал, а „ѓаволите“ сигурно ќе се обидат дополнително да го засилат тимот во летниот преоден рок.

Денес во англиските медиуми се пишува дека Солскјер е блиску до тоа за наредната сезона на располагање да го има Тони Крос.

Тони Крос според информациите не е во плановите на Зинедин Зидан и Германецот тешко дека ќе биде дел од првиот тим, па поради тоа тој би можел да го напушти клубот.

Наводно Крос е блиску до договор со Манчестер Јунајтед кој за неговите услуги би платил околу 60 милиони евра. Претходно интерес за Солскјер покажуваше и францускиот гигант, Пари Сен Жермен кој сигурно ќе троши ова лето поради неуспехот во Европа и елиминацијата токму од Јунајтед.


Следете го Sportski.mk и на


Реал Мадрид немал ништо против да го продаде и на ПСЖ нив би им било исто кога некој би ја платил бараната сума во овој случај 60 милиони евра, меѓутоа се тврди дека Крос има поголема желба да се натпреварува во англиската Премиер лигата која е далеку поконурента од Лига 1 каде што ПСЖ нема конкуренција.

Дали овие најави на медиумите од Островот ќе се остварат ќе покаже летото кое следи.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Наполи тргнува по играчот на Тотенхем

„Скај Италија“ пренесува дека Наполи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Тотенхем, Ки…