Дома Македонски спорт Мак ракомет Скубе: Ќе биде чудно да играм против Вардар

Скубе: Ќе биде чудно да играм против Вардар

Словенецот Сташ Скубе во својот прв официјален меч во дресот на Мешков Брест ќе го одмери силите со својот поранешен клуб Вардар.

Скубе ќе мора да игра против довчерашните соиграчи и затоа го предупреди својот тим дека Вардар никако не смее да се потцени.

„Утрешниот натпревар против Вардар е навистина посебен за мене. Најубавите моменти и години во кариерата ги минав во Скопје, таму оставив голем број пријатели. Чудно е да се игра против добри пријатели, сепак на терен мора да бидеме професионалци“, истакна Скубе.

„Вардар има многу нови ракометари и затоа се уште е рано да се носат некави заклучоци. Овој Вардар сега нема многу ѕвезди какви што имаше порано, но јас убеден дека ќе биде незгоден противник за секој тим во оваа сезона“, додаде Словенецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Стигнаа вести од Неапол: Елмас е НЕГАТИВЕН на Ковид-19!

Конечно ги добивме вестите и од Непаол и тие се добри! Елиф Елмас беше во опасност да биде…