Лионел Меси ова лето беше блиску до преселба во Манчестер Сити, но Барселона бараше да биде исплатена откупната клаузула, па Аргентинецот остана на „Камп Ноу“.
Поради тоа Меси мораше да остане во Барселона, но бидејќи неговиот договор завршува следното лето, се шпекулира дека ова ќе му биде последна сезона во Каталонија и дека на крајот ќе се пресели во Англија.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Меси има комплетен договор со „граѓаните“ и нема дилеми дека ќе ја продолжи кариерата на „Етихад“, но медиумите тврдат дека Сити сака да потпише преддоговор со Аргентинецот во јануари.
Претседателските избори во Барселона се закажани за во март, па новото раководство сигурно ќе се обиде да го обнови договорот со Меси. Поради тоа „граѓаните“ сакаат да се осигураат и уште во јануари да го добијат потписот на Меси.