Во последниот ден од преодниот рок ќе видиме и трансфер на реалција Рим-Валенсија.




Од Рома во Валенсија преминува синот на легендарниот Патрик Клајверт, Џастин. Жозе Мурињо и Рома сметаа дека оваа сезона немаат потреба од Клајверт во офанзивата, па така Холанѓанецот ќе го гледаме во нов дрес.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
За потписот на Клајверт во игра беа Фулам и Валенсија, а на крајот тој ја избрал Валенсија. Според информациите на познатиот Фабрицио Романо, Џастин веќе добил зелено светло да се упати за Валенсија и да го комплетира трансферот до крајот на денот.




Во Рома Клајверт е од 2018 година, но беше испраќан на позајмици во Лајпциг и Ница, а во редовитњ на „волчицата“ пристигна од Ајакс во 2018 година.