Дома Фудбал Крадци влегле во домот на Џастин Клајверт: Ја повредиле неговата девојка и украле 200.000 евра

Крадци влегле во домот на Џастин Клајверт: Ја повредиле неговата девојка и украле 200.000 евра

Група маскирани лица изминатата ноќ влегле во домот на фудбалерот на Валенсија, Џастин Клајверт и ја нападнале неговата девојка, но и украле предмети во вредност од 200.000 евра, објави шпанска „Марка“:

Шпанските медиуми наведуваат дека крадците влегле на имотот на фудбалерот откако претходно успеале да го исклучат алармот. При нападот полесно биле повредени две женски лица од кои една била девојката на Клајверт.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Клајверт во овој период со екипата на Валенсија се наоѓа на Мајорка.

„Тројца мажи со капи на главите влегле во куќата, а жртвите навеле дека кај напаѓачите забележале англиски акцент. Во куќата била нападната девојката на фудбалерот и ја тепале додека не открила каде се наоѓаат вредните работи.

За среќа повредите не се од посериозна природа. Крадците заминале со накит, часовници ипари во вредност од 200.000 евра“, пишува „Марка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Први реакции од Албанија: Србија не требаше да биде во наша група, нема мир помеѓу Србите и Албанците!

Селекторот на албанската фудбалска репрезентација, Силвињо, го коментираше извлекувањето з…