Вчера Тотенхем го победи осмолигашот Марин со убедливи 5:0, а после натпреварот големо внимание привлече еден фудбалски фан кој живее веднаш до теренот на овој клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, стадионот на Марин е мал и не собира повеќе од 3000 гледачи, па така и конструкцијата околу него не е висока. Тоа овозможува поглед на теренот од локалните куќи.
„Го гледам Герет Бејл потпирајќи се на мојот прозорец. Нереално“, напиша еден фан.
Неговиот твит го ретвитна и самиот Бејл па истиот стана брзо популарен.
— Gareth Bale (@GarethBale11) January 10, 2021