
Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали е и официјално нов фудбалер на Тотенхем, откако клубот од северен Лондон го освои неговиот потпис од Њукасл, поставувајќи нов клупски рекорд.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според извори од британските медиуми, клубот од Лондон ќе плати 92.5 милиони фунти, со дополнителни 7.5 милиони фунти во форма на бонуси, што може да ја зголеми вкупната сума на трансферот до 100 милиони фунти.
Тонали стана најскапото засилување во историјата на “Петлите”, кои ова лето продолжуваат со амбициозно зајакнување на тимот пред новата сезона.
По потпишувањето на договорот, 25-годишниот играч од средниот ред не ја криеше радоста за пристигнувањето во северен Лондон.
“Навистина сум среќен што сум овде. Кога денес стигнав во клубот, чувството беше фантастично. Се зборуваше дека четири или пет клуба се заинтересирани, но за мене постоеше само еден. Разговарав со тренерот скоро два часа за клубот, навивачите, стадионот и нашиот фудбал. Беше како магија и веднаш знаев дека сакам да потпишам за Тотенхем,” изјави Тонали за клубскиот сајт.
Тонали пристигна во Њукасл од Милан во летото 2023 година, а претходно беше меѓу клучните играчи на “росонерите” во освојувањето на титулата шампион на Италија во сезоната 2021/22.