Дома Македонски спорт Мак фудбал Сега се радуваме на историско трето место, а наскоро нека биде за историско ЕП!

Сега се радуваме на историско трето место, а наскоро нека биде за историско ЕП!

Вчера заврши уште еден квалификациски циклус за Европско првенство за нашата селекција.

За жал не успеавме да се избориме за место на турнирот на најдобри европски репрезентации, меѓутоа не можеме да кажеме и дека не сме задоволни. Македонија за прв успеа да биде трета во едни европски квалификации и тоа носи поволности во наредните квалификации.

Со овој пласман Македонија ќе биде подобро рангирана и во следните квалификации ќе се најде во подобар шешир и ќе добие релативно полесни репрезентации.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е elmas-pandev.jpg

Простор за повеќе имаше ќе се сетиме на поразот од Полска во Скопје. Полска не покажа премногу, сепак не победи. Потоа ремито со Израел на гости, каква шанса имаше само Елмас во финишот, ремито со Словенија на гости…Бевме многу, многу блиску во овие средби да освоиме бодови кои ќе донесеа егал за втората позиција во последното коло. Практично како и што кажа Дарко Велковски после натпреварот не бевме надиграни во ниту еден натпревар освен во натпреварот со Австрија во Скопје.

Селекторот Игор Ангеловски оваа генерација ја нарече најдобра до сега, ако ги погледнеме резултатите и не можеме да кажеме дека не е така. Сепак, круна на се ќе биде пласманот на ЕП до кој можеме преку Лигата на Нации. Таму не чека Косово во полуфиналето, Косово имаше свои моменти во овие квалификации и покажа дека не е наивна репрезентација, меѓутоа ние веруваме дека имаме добра шанса да ги елиминираме.

Баражот со Косово е во март и има време, пред се ќе посакаме сите да бидат здрави и Ангеловски да може на терен да ја испрати најдобрата постава на Македонија, дефинитивно ако ние одиграме онака како што знаеме шансите на Косово ќе бидат мали.

Ова историско трето место нека биде причина за самодоверба и мотив, па во блиска иднина да пишуваме и да славиме историски пласман на едно ЕП! Веруваме во вас момци – израдувајте не!

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Официјално: Наполи му врачи отказ на Анчелоти!

Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби официјална потврда, Карло Анчелоти пове…