Дома Фудбал Останато Сега и потврдено: Барселона нема пари за Депај!

Сега и потврдено: Барселона нема пари за Депај!

Oткако го Барселона успеа да го задржи Меси кој ќе остане следната сезона почнаа со припремите за новата сезона.

Барса го доведе Пјаниќ во замена со Артур кој премина во Јувентус, дојде и 20 годишниот Тринкао. Навивачите очекуваа и уште некое засилување но прашање е дали ќе го има.

Се поврзуваа со Лаутаро Мартинез, а најмногу со Мемфис Депај. Меѓутоа Депај нема да дојде, а според изјавата на претседателот на Лион тешко и дека некој друг ќе дојде во Барселона.

„Претседателот на Барселона ми кажа дека неговиот клуб е во големи проблеми поради коронавирусот и дека сега не се во ситуација да испратат понуда“, изјави Жан-Мишел Алуас.

Дека Депај нема да дојде потврди и Куман.

„За да купите некого мора прво да продадете. Така е и со Депај. Ние се спремаме за новата сезона со играчите кои беа во соблекувалната и минатата сезона. Ништо од тоа засилување“, изјави Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул лесно го доби дербито со Арсенал 🎥

Фудбалерите на Ливерпул остварија победа во 3.коло од Премиер лигата против Арсенал со 3:1…