Дома Фудбал Италија Салернитана продолжува да реди победи!

Салернитана продолжува да реди победи!


Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓



Eкипата на Салернитана денес ја победи Венеција со 2:1 во натпреварот кој беше од огромна важност во борбата за опстанок во најсилната италијанска конкуренција.

Салернитана игра неверојатно во завршницата од сезоната и иако многумина до пред десетина кола ја гледаа како сигурен второлигаш сега тие се на добар пат да изборат опстанок во Серија А.

Федерико Бонацоли ја доведе Салернитана до водство во седмата минута, Венеција изедначи во 58. минута, а голот за победа на Салернитана беше дело на Симоне Верди во 67. минута. Црвен картон во редовите на гостите во финишот заработи Етан Ампаду.

Давиде Никола кој сезонава е трет тренер во Салернитана работи одлично и на последните пет натпревари тимот има четири победи и едно реми. Сега Салетнитана со 29 бодови излезе од опасната зона зад неа се Каљари со 28, Џенова 25 и Венеција 22.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бербатов за првпат откри: Дарко Панчев беше мојот идол!

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓ Поранешната ѕвезда …