Дома Македонски спорт Мак ракомет Романија е фаворитот, можат ли девојките до подвиг вреден Светско првенство?

Романија е фаворитот, можат ли девојките до подвиг вреден Светско првенство?

Женската ракометна репрезентација на Македонија денес ја очекува првиот дуел од двомеч баражот против Романија за пласман на Светското првенство.

Девојките на селекторот Симовски ќе имаат тешка задача, Романија е силна селекција, но ние се надеваме дека можеме до резултат кој ќе ни остава надеж пред реваншот дома.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сара Ристовска е вистински лидер на овој тим, а тука и одличните Стојановска, Ѓорѓиевска, Гичевска…Тимот покажа зрелост со трите победи во квалификациите во Скопје.

Репрезентација на Романија е неколку нивоа погоре, селекција од светскиот крем и ако сакаме позитивен резултат мораме да бидеме максимално подготвени.

Со Романија до сега сме играле два пати и во двата натпревари Романките славеа победа. На пријателската средба во 2017 година сме загубиле убедливо со 31:18, а во 2005 во квалификациите за СП славеле победа со 29:22.

Денес од 17:00 часот се игра првиот натпревар од двомечот, реваншот е закажан за четири дена во СЦ „Јане Сандански“ во истиот термин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…