Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години учествува на квалификацискиот турнир во Луксембург за пласман во елитната фаза на квалификации за пласман на Европското првенство во 2025 година.
Нашите фудбалски надежи денеска во првиот натпревар ремизираа против Летонија со резултат 1:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поведоа Летонците со голот на Мицкевич во 60 минута, а израмнивме во 76 минута од пенал кој го реализираше Гаштаров.
Во вториот меч од групата 12 селекцијата на Словачка со 2:1 славеше против Луксембург.
Следниот дуел избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ ќе го имат на 12 октомври против Словачка.