Реал Мадрид има големи проблеми со повредени играчи оваа сезона, особено во одбраната.
„Кралевите“ сигурно ќе интервенираат на трансфер пазарот во јануари и ќе донесат засилување за одбраната.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Како што тврди новинарот Серхио Лопез, Реал одлучи дека нема да го доведе Рамос, но сигурно ќе во јануарскиот преоден рок доведе стопер со кој би ја пополнил празнината по повредата на Милитао.
Раководството на клубот го стесни изборот на три имиња: Емерик Лапорт од Ал Наср, Кастело Лукеба од Лајпциг и Џонатан Тах од Баер Леверкузен.