Дома Трансфер зона Реал Мадрид и Манчестер Сити во битка за фудбалер на Евертон

Реал Мадрид и Манчестер Сити во битка за фудбалер на Евертон

Дефанзивецот на англискиот премиерлигаш Евертон Џерад Брантвејт (21) се најде на мета на гигантите Манчестер Сити, Тотенхем и Реал Мадрид.

Брентвејт ја започна својата кариера во Карлајл Јунајтед, а во 2020 година се пресели на „Гудисон Парк“. Евертон прво го испрати на позајмица во Блекбурн и ПСВ, а оваа сезона се избори за место во првиот тим и забележа 31 настап и два гола во сите натпреварувања.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Настапуваше за младата репрезентација на Англија до 20 и до 21 година, но се уште не дебитирал за сениорската селекција, иако беше на клупата во поразот од Бразил (1:0) во пријателскиот натпревар на саботата.

Англиските медиуми тврдат дека Евертон за него ќе бара отштета од околу 60 милиони евра. Од друга страна, Трансфермаркт како сајт специјализиран за вредностите на фудбалерите наведува сума од 30 милиони евра. Евертон се наоѓа на 16. место во Премиер лигата со 25 бода, четири над зоната за испаѓање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…