Дома Фудбал Млад македонски репрезентативец добил српски пасош?

Млад македонски репрезентативец добил српски пасош?

По информациите дека Фудбалскиот сојуз на Србија сака да го убеди Матеј Гаштаров во иднина да го носи дресот на српската репрезентација, денеска се појави нова вест која привлече внимание.

Според „Спорт Клуб“, уште еден млад македонски фудбалер неодамна добил српски пасош. Станува збор за 17-годишниот Мартин Џангаровски, кој моментално настапува за Радник од Сурдулица.

Џангаровски досега беше дел од сите младински репрезентативни категории на Македонија. Има по два настапи за селекциите до 18 и до 19 години, додека најмногу настапи забележа за Македонија до 17 години, 18 натпревари на кои постигна шест гола. Претходно го носеше и дресот на селекциите до 15 и до 16 години.

Младиот фудбалер во Радник пристигна пред само еден месец, откако го напушти Македонија Ѓорче Петров, клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори.

Интересен е податокот дека Џангаровски во Сурдулица пристигнал на 21 август, само една недела откако го добил српскиот пасош. „Спорт Клуб“ наведува дека со новото државјанство можел да го избегне комплицираниот процес поврзан со меѓународните трансфери на малолетни фудбалери.

Во меѓувреме, Џангаровски веќе доби шанса и за првиот тим на Радник. Дебитираше на гостувањето кај Железничар Панчево, натпревар кој неговиот тим го загуби со убедливи 5-1.

Сепак, добивањето српски пасош не значи автоматски дека Џангаровски ќе одлучи во иднина да настапува за Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хамес Родригез во Серија Б кај легендата на Милан!

Колумбискиот суперѕвезда Хамес Родригез се враќа во Европа. Тој пред светското првенство и…