Дома Фудбал Објавени се петте клуба што ќе се натпреваруваат за “Клуб на годината”

Објавени се петте клуба што ќе се натпреваруваат за “Клуб на годината”

Официјално се објавени номинациите за петте клуба што ќе бидат во трка за престижната награда „Клуб на годината“ во анкетата за „Златната топка“.

На прво место е објавена номинацијата на англискиот Арсенал. Лондонскиот клуб помина одлична сезона под водство на Микел Артета, освојувајќи ја својата прва титула во Премиер лигата и стигна до финалето на Лигата на шампионите, каде по изведување пенали загуби од ПСЖ.

Втората номинација е за Баерн Минхен. Баварскиот гигант ја освои импресивната 35-та титула во Германија и продолжува да се претставува на импресивно ниво под водство на Винсент Компани.

Третото име е тоа на носителот на Лигата на шампионите Пари Сен Жермен. Французите се еден од највпечатливите тимови во светот последните две сезони, а апсолутната потврда на овој факт е нивната доминација во две последователни кампањи во најпрестижниот клубски турнир во светот.

Последните две, можеби и најизненадувачки номинации, се од престижното француско издание. Тоа се бразилскиот Фламенго и норвешкиот Боде/Глимт. Јужноамериканскиот гигант ја освои титулата во својата држава и го зеде трофејот во Копа Либертадорес. Скромниот клуб од норвешката провинција е една од најголемите сензации во европските турнири последниве неколку години, забележувајќи победи против гиганти како Манчестер Сити, Атлетико Мадрид и Интер, и тоа постигнувања реализирани целосно со локални играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Има само 15 години, неговото видео има 30 милиони прегледи, а веќе тренира со ѕвездите на Јунајтед

Манчестер Јунајтед би можел да има нова голема ѕвезда во своите редови. Џеј Џеј Габриел им…