
Големите англиски клубови често водат битки и надвор од теренот, а една таква приказна штотуку го доби својот епилог. Манчестер Јунајтед заврши работа што сигурно ќе привлече внимание, особено бидејќи другата страна е Ливерпул.
Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо потврди дека Манчестер Јунајтед ја комплетираше зделката со Ливерпул.
Се работи за трансфер на младиот играч од средниот ред Исак Конде, кој ќе ја продолжи кариерата на Олд Трафорд.
Романо, покрај потврдата на зделката, го објави и добро познатото “Here we go”, со што јасно стави до знаење дека трансферот е завршен.
Конде има само 16 години, така што не се работи за засилување кое веднаш ќе конкурира за првиот тим на Манчестер Јунајтед.