Дома Фудбал Хамес Родригез е пред враќање во Европа, ќе игра под водство на италијанска легенда!

Хамес Родригез е пред враќање во Европа, ќе игра под водство на италијанска легенда!

Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез е многу блиску да потпише за нов тим и да се врати во Европа.

По заминувањето од Монтреал и МЛС лигата, тој беше поврзуван со неколку тимови за време на летниот трансфер период, сепак, сè уште нема нов ангажман. Иако не е на нивото за да заигра во некои од најсилните пет европски лиги, тоа не значи дека нема да се натпреварува во една од тие земји.

Според информациите на Marca, Хамес е на чекор до потпишување со италијанскиот второлигаш Авелино.

Тренерот на тимот, легендарниот Алесандро Неста, веќе остварил разговори со него за плановите и според пишувањата на Marca, многу се блиску до договор. Останува да се затворат финансиските детали и официјализацијата би можела да следи наскоро.

Авелино моментално го зазема петтото место во Серија Б, со три бода помалку од Палермо. Несомнено е дека доаѓањето на Хамес ќе ги зголеми шансите на клубот од јужна Италија за промоција во елитата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан блесна во Салцбург: Сисе со хет-трик за прва победа во Лига Европа

„Росонерите“ убедливо славеа со 4-0 на гостувањето кај Салцбург, а 19-годишниот Сисе беше …