
Колумбискиот суперѕвезда Хамес Родригез се враќа во Европа.
Тој пред светското првенство играше во MLS, претходно беше во Бразил, а сега се враќа во земја каде што не играл во кариерата – Италија.
некогашниот ас на Реал Мадрид, Монако, Порто, Евертон и легенда на колумбискиот фудбал ќе игра во Серија Б.
Како што пренесува познатиот новинар Џанлука Ди Марцио, тој е во завршни преговори со Авелино кој го води од клупата легендарниот Алесандро Неста.
Токму поранешниот играч на Милан и Лацио треба да го направи конечниот потег во преговорите и целосно да го убеди Хамес да дојде во клубот кој има 6 освоени поени во првите три круга на Серија Б.