Дома Фудбал Лаутаро го поддржа Алварез: „Без разлика што ми е конкуренција во репрезентацијата“

Лаутаро го поддржа Алварез: „Без разлика што ми е конкуренција во репрезентацијата“

Очите на фудбалскиот свет беа насочени изминативе недели кон познатиот аргентински фудбалер Хулијан Алварез, чиишто незавидни состојби во мадридски Атлетико и желбата да премине во Барселона предизвикаа емпатија кај многу колеги.

Последниот во низата што се јави да го утеши незадоволниот „гаучос“ беше голгетерот на Интер Лаутаро Мартинез, инаку соиграч на Хулијан во репрезентацијата на Аргентина.

Истакнувајќи дека поранешниот фудбалер на Манчестер Сити му е конкурент во репрезентацијата, Лаутаро од човечка страна го поддржа соиграчот, додавајќи дека и Атлетико има право на свој став.

Разговарав со Хулијан за неговата ситуација. Му испратив порака и му ја покажав целата моја поддршка бидејќи, освен фактот што делиме и се натпреваруваме за истата позиција во репрезентацијата, тој е мој пријател. Тој момент низ кој помина и сега минува не е лесен, но добро, одлуката зависи од претседателот на неговиот клуб. Му посакувам сè најдобро и се надевам дека наскоро ќе се оправи и ќе продолжи да работи и да го покажува она што досега го покажа, бидејќи е еден од најдобрите во светот“, беше искрен Мартинез во својата желба да го поддржи соиграчот.

Изминатиот викенд во Билбао покажа низ каков емотивен слом минува Алварез, бидејќи неговото лице на клупата на Атлетико кажуваше сè, а свирежите при неговото влегување во игра беа порака од навивачите дека им го свртил грбот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Има само 15 години, неговото видео има 30 милиони прегледи, а веќе тренира со ѕвездите на Јунајтед

Манчестер Јунајтед би можел да има нова голема ѕвезда во своите редови. Џеј Џеј Габриел им…