Дома Топ вести Реал купува дефанзивец од Лондон

Реал купува дефанзивец од Лондон

Приоритет на Реал Мадрид следното лето ќе биде доведување на врвен дефанзивец, а на листата желби се двајца дефанзивци од Премиер лигата.

Првото име на списокот на „кралевите“ е Кристиан Ромеро од Тотенхем. Аргентинецот пред две години за 55 милиони евра пристигна од Аталанта и во првата сезона не ги оправда очекувањата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Потоа одигра одлично на Мундујалот и минатата сезона беше стандарден, па Анчелоти верува дека би бил идеално решение за неговиот тим.

Второто име  е Вилијам Салиба од Арсенал, кој се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата, но има долг договор со „топџиите“ и нема да го пуштат за помалку од 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…