
Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањето на фудбалерот на Арсенал, Вилијам Салиба.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Салиба има договор со Арсенал до 2027 година, а идејата на Реал Мадрид е да го убедат играчот да побара трансфер во Шпанија, ако биде понудена неодолива сума од 100 милиони евра.
„Кралевите“ ги разгледуваат сите опции и разговараат со блиски луѓе околу играчот и добиле позитивен одговор.
Шпански „Спорт“ пренесува дека Салиба ќе биде примарна трансфер цел за Реал Мадрид.