Дома Трансфер зона ПСЖ купува хрватски репрезентативец

ПСЖ купува хрватски репрезентативец

Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ е силно заинтересиран за хрватскиот репрезентативец Ловро Мајер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватскиот плејмејкер одигра одлична сезона за Рен каде на 49 меча постигна 11 гола и запиша 13 асистенции.

Сега е веќе стандарден хрватски репрезентативец, а во татковината го доби епитетот „новиот Модриќ“.

Скаутите на Реал Мадрид веќе подолго време го следат Ловро Мајер, а сега во трката се вклучи и ПСЖ.

Наводно Мајер и Мбапе се во пријателски односи и неодамна објавија заедничка фотографија.

„Денес заедно во тимот на сезоната, утре можеби во исти дрес“, пишуваше под фотографијата.

Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ презел конкретни чекори за трансфер на Хрвотот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…