Марсело Брозовиќ е еден од најважните фудбалери на Интер, но неговиот договор со „нероаѕурите“ завршува следното лето.
Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Брозовиќ моментално заработува 3,5 милиони евра и бара со новиот договор плата од 5,5 милиони евра, додека Интер не може да си дозволи такво зголемување.
„Нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и бараат од Хрватот да ја продолжи соработката со истата плата која ја добива во моментов.
Јувентус е заинтересиран за Брозовиќ, но Интер не сака да го продава во големиот ривал, па можно е следното лето да го загуби играчот без обештетување.