Tрансферот на Марсело Брозовиќ од Интер во Ал Наср од Саудиска Арабија вчера конечно беше завршен, а на него се радуваат и хрватските клубови.
Од трансферот на Хрватот ќе заработат уште три клуба. Кога Динамо го продаде на Интер договори 10% од наредниот трансфер на Брозовиќ и поради таа клазула ќе добијат 1.8 милион евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Покрај Динамо уште два поранешни клуба на Брозовиќ ќе добијат пари. Правилата наложуваат 5% од трансферот да поделат клубовите каде што Брозовиќ играл од својата 12-та до 23-та година. Во тој период Брозовиќ го носеше дресот уште на Драгољавац и Локомотива. Од Драгољовац за 300.000 евра премина во Локомотива која подоцна за 2.4 милиони евра го продаде на Динамо.
Ова значи дека Драговољац, Локомотива и Динамо на основа на ова правило ќе поделат 900.000 евра, односно секој клуб ќе добие по 300.000.