Дома Македонски спорт Мак фудбал Проблеми пред Франција: Седум фудбалерки на Македонија позитивни на Ковид-19!

Проблеми пред Франција: Седум фудбалерки на Македонија позитивни на Ковид-19!

Седум фудбалерки од македонската женска репрезентација добија позитивни резултати од првиот скрининг тест на вирусот Ковид-19. Без никакви симптоми на Ковид-19 во самоизолација се две фудбалерки од Каменица Саса и пет фудбалерки од Тиверија.

Составот на македонската женска репрезентација заедно со стручниот штаб и луѓето кои се вклучени во работата на селекцијата пред почеток на подготовките за натпреварот со Франција имаа тестирање за присуство на вирусот Ковид-19. Сите членови на тимот беа во изолација и немаа меѓусебен контакт до добивањето на резултатите.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата, Кирил Изов беше принуден да прави дополнување на играчкиот кадар за натпреварот со Франција. Предводникот на женската репрезентација дополнително ги повика Сара Коларовска (ЖФК Скопје 2014), Афродита Салихи (ЖФК Скопје 2014), Драгана Гегова (ЖФК Скопје 2014), Елена Петровска (ЖФК Скопје 2014), Сара Хусеин (ЖФК СЦ Истатов) и Ана Милчевска (ЖФК СЦ Истатов).

Резултатите од вториот тест за присуство на вирусот Ковид-19 се негативни за сите репрезентативки и членови на женската репрезентација.

ФОТО: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Критики за Јокиќ: Колку е добар кошаркар, толку е лош патриот

Легендата на југословенската кошарка, Зоран Славниќ испрати жестоки критики на сметка на Н…