Англискиот фудбалер, Андрос Таусенд направи трансфер во Турција во редовите на Анталијаспор и за првпат ќе игра надвор од Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Таусенд последните 15 години ги помина во англискиот фудбал и промени дури 14 клубови. Во Тотенхем беше од 2009 до 2016 година, но во тој период беше испраќан и на повеќе позајмици.
Во редовите на Анталијаспор доаѓа од Лутон. Своевремено беше и репрезентативец на Англија за која настапи на 13 натпревари.