Дома Фудбал Таусенд за спектакуларниот гол: Мајка ми има големи заслуги

Таусенд за спектакуларниот гол: Мајка ми има големи заслуги

Вчера Евертон со 3:1 го победи Барнли, фантастичен натпревар одигра Таусенд кој постигна гол и забележи асистенција, па беше прогласен за играч на мечот.

Голот кој го постигна Таусенд беше спектакуларен, а после натпреварот откри дека големи заслуги за тој негов гол има неговата мајка.

„Морам да ја спомнам мајка ми, таа е многу заслужна за голот. Пред неколку дена ми испрати видео со моите голови и ми кажа повторно да верувам во себе. Тоа можевте да го видите со голот, го имам во себе, само треба повеќе да го покажувам“, изјави Таусенд по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еспи влезе од клупата и го спаси Реал: Пресврт против Селта на „Бернабеу“!

Реал Мадрид ја совлада Селта со 2-1, иако губеше на паузата. Белингам израмни, а резервист…