Aндрос Таусенд се најде во центарот на вниманието со голот кој го постигна на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед, а потоа прослави во стилот на Роналдо. На крајот мечот заврши 1:1.
Таусенд после натпреварот во разговор за „Талкспорт“ откри дека Роналдо е негов идол и дека со прославата немал намера да го исмејува. По натпреварот го побарал и дресот на Португалецот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Си зацртав себеси дека нема да го напуштам стадионот додека не го добијам дресот од Роналдо. Кога судијата означи крај отидов пред него и три-четири пати го прашав да ми го даде дресот, нешто прозборе не го разбрав. Кога го прашав уште еднаш кажа дека ќе му го даде в натре. Чекав во соблекувалната и за среќа тогаш се појави економот на Јунајтед и ми го донесе дресот.
„На соиграчите уште пред натпреварот им најавив дека ако дадам гол ќе го славам така. Тие ме убедуваа да не го правам тоа затоа што може да биде сфатено како провокација“, изјави Таусенд.