Карло Анчелоти ќе биде новиот тренер на Бразил, легендарниот „Дон Карло“ новата функција ќе ја извршуваша од летото 2024 година.
Информацијата ја потврди првиот човек на бразилскиот фудбал, Едналдо Родригез. Анчелоти ќе седне на клупата на „Кариоките“ по завршувањето на договорот со Реал Мадрид. До доаѓањето на Анчелоти, Бразил ќе биде предводен од тренерот на Флуминенсе, Динис.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Следното лето, Анчелоти ќе го води Бразил на Копа Америка и тоа ќе биде прв голем турнир за италијанскиот стратег. За Анчелоти ова ќе биде прв ангажман како селектор. На почетокот на кариерата тој беше дел од стручниот штаб на Италија кога оваа селекција беше предводена од Ариго Саки на Светското првенство во САД во 1994 година.
Исто така тој ќе биде само четвртиот странец кој ќе го води Бразил.
BREAKING: Carlo Ancelotti will be Brazil’s NEW head coach in June 2024 🇧🇷🇮🇹
— Italian Football TV (@IFTVofficial) July 5, 2023
He will finish out his contract with Real Madrid and take over the Seleção at Copa America 2024.
Ednaldo Rodrigues, President of the Brazilian Confederation, has confirmed the reports ✅ pic.twitter.com/lZ3szISWSK