Дома Фудбал Италија Последна шанса за Гатузо: Рафа и уште тројца чекаат пораз од Јувентус

Последна шанса за Гатузо: Рафа и уште тројца чекаат пораз од Јувентус

Договорот вели дека останува до јуни – реалноста вели дека може да „лета“ веќе в сабота.

Пред Џенаро Гатузо е натпревар да се биде или не. Ако го победи Јуве ќе остане на клупата на Наполи и ќе ги зголеми шансите за пласман во ЛШ, но ако биде поразен ќе заработи отказ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тоа е ултиматумот со кој поранешниот италијански репрезентативец се соочи оваа недела. Сопственикот на клубот, Де Лаурентис му соопштил дека има два обиди да ја зачува работата. Едниот го пропушти во Бергамо и му останува уште еден. Против тимот кој е во одлична форма, со шест победи во низа и ремито против Интер.

Притоа, Наполи е поразен четири пати во последните шест натпревари и е под голем притисок. Доколку загуби уште еден, извесно е дека Гатузо ќе биде сменет на четири месеци пред крајот на договорот.

Кој би можел да го замени?

Прв на листата е Рафа Бенитез. Италијанските медиуми тврдат дека шпанскиот стручњак е прва желба на Де Лаурентис и дека веќе се во меѓусебен контакт. Претходно, Рафа две сезони помина во Наполи, а потоа беше во Реал, Њукасл и Далијан, а сега е без ангажман.

Покрај Бенитез, Наполи ги разгледува опциите и со Иван Јуриќ, Роберто де Зерби, и Винченцо Италијано, кои се со договори во Верона, Сасуоло и Специја.

Сепак, еден од нив може да ангажира дури по крајот на сезоната, што секако нема да му се допадне на Де Лаурентис. Нов тренер му е потребен веднаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анал Слот открива дали Александар Исак ќе дебитира против Атлетико Мадрид!

Фудбалското лето 2025 година ќе остане запаметено по Александар Исак. За неговото незадово…