Дома Фудбал Каде ќе оди тој супер-талент од Јунајтед? Ова се најреалните опции!

Каде ќе оди тој супер-талент од Јунајтед? Ова се најреалните опции!

Многумина беа изненадени од веста дека младиот Џеј-Џеј Габриел изрази желба да го напушти Манчестер Јунајтед.

Станува збор за момче кое е едно од најталентираните во својата генерација на светско ниво, со само 15 години веќе привлече внимание на многу луѓе, а се очекуваше да биде во тимот за вчерашниот натпревар против Брајтон.

Сепак, тоа не се случи по неговото барање, и сега се шпекулира каде би можел да ја продолжи кариерата. Манчестер Сити е прв во редот, а потоа се спомнуваат Барселона и Реал Мадрид, како и Ливерпул.

Има, сепак, и сериозен интерес од Германија.

Германија стана ветена земја за многу млади таленти од Англија кои не можат да се стрпят да дебитираат за својот тим, па сега се спомнуваат Борусија и Бајерн како најреалните опции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алварез се изнервира, ги менува агентите!

Сагата околу Хулијан Алварез ги добива своите одекнувања. Остана во Атлетико Мадрид, што п…