Дома Фудбал Англија Рафа Бенитез се враќа во Премиер лигата?

Рафа Бенитез се враќа во Премиер лигата?

Џеси Марш се најавуваше како можен наследник на Брендан Роџерс кој по четири години си замина од Лестер, но според последните информации преговорите со Американецот пропаднале.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најновите информации од Островот се дека на испразнетото место на клупата на Лестер може да седне Рафа Бенитез кој така би се вратил во англискиот фудбал.

Засега не се откриваат повеќе детали, но се наведува дека Бенитез и Лестер водат преговори, а Марш дефинитивно нема да биде новиот стратег на „лисиците“ затоа што ја одбил понудата.

Бенитез е човек кој добро го познава англискиот фудбал бидејќи Работеше во Ливерпул, Челзи, Њукасл и Евертон. Освен на овие англиски клубови беше тренер уште на: Реал Мадрид, Валенсија, Наполи, кинескиот Далијан…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ригорозни контроли во Мајами: Погледнете како беше Меси претресуван (Видео)

Аргентина ја започнува нокаут фазата на Светското првенство со натпревар во Мајами. Притоа…