Дома Топ вести Рафа Бенитез изгуби од Реал Мадрид, па доби отказ

Рафа Бенитез изгуби од Реал Мадрид, па доби отказ

Познатиот стратег Рафа Бенитез доби отказ од раководството на Селта.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ваквата одлука шпанскиот клуб ја донесе по поразот на Селта во гостувањето кај Реал Мадрид со резултат од 4:0 во Ла Лига. Во моментот, тимот од Виго се наоѓа на 17. место на табелата со 24 бода, два повеќе од Кадис, кој се наоѓа во зоната на испаѓање.

Бенитез седна на клупата на Селта на почетокот на оваа сезона. Шпанецот има богата кариера во тренирањето на различни клубови, а најголемиот успех го постигна со Ливерпул, освојувајќи Лига на шампиони во сезоната 2004/2005. Со Валенсија беше двапати шампион во Шпанија, а исто така освои и трофеј во Купот на УЕФА (денешна Лига на Европа).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Трагикомедија во Кочани: Фудбалскиот клуб остана без терен – го претвориле во нива со жито!

Во кочанското село Уларци се случи вистинска трагикомедија: новиот фудбалски клуб остана б…