Teнзично беше денес во натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар во Тетово кој домаќините го добија убедливо со 4:0.
Атмосферата започна да се вжештува на десетина минути пред крајот кога голманот Филип Гачевски по неколку турканици со фудбалерите влезе во судир и со навивачите на Шкендија.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Гачевски сакаше да одговори на провокациите од трибините, а во тие моменти беше погоден и со предмет од трибините (ТУКА).
Не се смири голманот на Вардар ниту по завршувањето на натпреварот, па полицијата мораше да го изнесува од теренот.